
СООПШТЕНИЕ
Почитувани сограѓани,
Општина Пробиштип е во фаза на изработка на Програма за поставување на урбана опрема за 2026 година, со која се уредуваат видовите на урбана опрема, локациите каде што таа ќе се поставува, како и начинот и условите за нејзино поставување, дислоцирање и отстранување.
Со цел донесување на квалитетна програма која ќе биде во интерес на сите граѓани и во согласност со важечката законска регулатива, Општина Пробиштип организира Јавна презентација на Предлог-програмата за поставување на урбана опрема.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, институции и правни лица да присуствуваат и активно да се вклучат со свои мислења, предлози и сугестии.
Јавната расправа ќе се одржи на 27.01.2026 година (вторник)
почеток во 12:00 часот
Сала за состаноци во Домот на културата „Злетовски Рудар“
Вашето учество е од особено значење за создавање на поубаво, пофункционално и поквалитетно урбано живеење во Општина Пробиштип.



























