УТРО.мк

Обилни врнежи предизвикаа поплави во Радовиш и Ресен, евакуирани куќи и магацини

Обилни врнежи предизвикаа поплави во Радовиш и Ресен, евакуирани куќи и магацини
Vero

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен се случија значителни поплави, откако Болнска и Источка река излегоа од коритото во селата Царев Двор и Дрмени. Над 50 куќи, магацини, визби и земјоделско земјиште се поплавени, соопштија надлежните.

Слична состојба е регистрирана и во село Долна Бела Црква, каде што Голема река излезе од коритото, а моменталниот водостој изнесува 210 см.

На терен се ангажирани екипи од јавните претпријатија, „Македонија пат“ и ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини. Вкупно се користат седум пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.

ЈП „Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет, со цел да се овозможи непречено сообраќајување и заштита на населението.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран