УТРО.мк

Нова криза со водата во Пласница и Преглово: Лабораториските анализи покажале дека не е безбедна за пиење

Нова криза со водата во Пласница и Преглово: Лабораториските анализи покажале дека не е безбедна за пиење
Vero

Жителите на Општина Пласница и селото Преглово повторно се соочуваат со проблеми со квалитетот на водата за пиење. Последните лабораториски испитувања покажале дека водата од водоводниот систем не ги исполнува условите за безбедна употреба.

Според извештаите од Центарот за јавно здравје – Прилеп, анализите извршени на 14 јули 2026 година покажале дека земените примероци од водоводната мрежа се неисправни и не одговараат на пропишаните стандарди за вода за пиење.

Жителите велат дека проблемот не е нов и дека со години предупредуваат на состојбата, но досега не е обезбедено трајно решение. Тие изразуваат загриженост за здравјето на населението и бараат итна реакција од надлежните институции.

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп констатирале дека водата не ги исполнува потребните критериуми за користење како вода за пиење, поради што се очекуваат дополнителни мерки и проверки.

Жителите бараат да се утврди причината за неисправноста, како и да се преземат конкретни активности за подобрување на водоснабдувањето и обезбедување безбедна вода за сите домаќинства во Пласница и Преглово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin