УТРО.мк

Управител од Новаци пријавен за злоупотреба на службената должност, буџетот оштетен за над 549.000 денари

Управител од Новаци пријавен за злоупотреба на службената должност, буџетот оштетен за над 549.000 денари
Vero

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.Т. (47) од Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“.

Според информациите од полицијата, пријавениот, во својство на управител на правно лице од село Новаци, на 29 мај 2023 година и на 29 декември 2023 година склучил договори за привремено вршење услуги поврзани со јавни набавки во вкупно времетраење од 19 месеци со вработена на која претходно ѝ мирувал работниот однос со решение од 2 мај 2023 година.

Од СВР Битола наведуваат дека ваквите договори биле склучени и покрај тоа што во правното лице веќе биле вработени две лица кои поседувале валидни сертификати за спроведување постапки за јавни набавки.

Со ваквото постапување, според полицијата, бил оштетен Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 549.498 денари, поради што против управителот е поднесена соодветна кривична пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin