УТРО.мк

По 10 години затвор за тројцата кавадарчани кои до смрт претепаа маж пред казино

По 10 години затвор за тројцата кавадарчани кои до смрт претепаа маж пред казино
Vero

Основниот суд во Кавадарци ги прогласи за виновни тројцата кавадарчани обвинети за убиството на 43-годишниот П.Т., кое се случи пред казино во центарот на градот во август минатата година.

Обвинетите Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28), сите од Кавадарци, добија затворски казни од по 10 години за кривично дело „убиство“ според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Кривичниот совет при Основен суд Кавадарци обвинетите за кривично дело убиство ги прогласи за виновни и ги осуди на казна затвор во траење од по 10 години за секој осуден. Во предметот немаше признание на вина, а на обвинетите им е продолжен притворот бидејќи се прогласени за виновни“, соопштија од судот.

Според обвинението, трагичниот настан се случил на 27 август 2025 година, околу 5 часот наутро, по вербална расправија меѓу тројцата обвинети и жртвата во казино во центарот на Кавадарци.

По расправијата, групата излегла пред објектот, каде што обвинетите физички го нападнале 43-годишниот маж, удирајќи го со боксови и клоци по телото и главата.

Нападот се случил кај задниот влез на казиното на улицата „Никола Минчев“. Жртвата, иако се обидела да се врати во објектот, паднала во несвест поради нанесените повреди. Медицинската екипа која пристигнала на местото на настанот можела само да констатира смрт, предизвикана од тешките повреди во пределот на главата.

Пресудата е првостепена, а странките имаат право на жалба до надлежниот суд.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin