УТРО.мк

Нестабилното време се шири низ Македонија, дожд и грмежи во повеќе региони

Нестабилното време се шири низ Македонија, дожд и грмежи во повеќе региони
Vero

Нестабилни временски услови попладнево зафатија повеќе делови од Македонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според најновите радарски податоци, на крајниот северозапад од земјата се развила нестабилна облачна маса, проследена со засилен ветер, дожд и грмежи.

УХМР информира дека послаба нестабилност е регистрирана и во подрачјето јужно од Делчево.

Во меѓувреме, нестабилната облачност продолжува да се проширува и кон други делови од земјата. Зафатени се и регионот на Гостивар, како и планинските предели северозападно од Струга и западно од Крушево.

Метеоролозите продолжуваат да ја следат состојбата и развојот на облачноста во текот на попладневните часови.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin