
Известување од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп
Водата за пиење во Општина Прилеп е здравствено исправна!
ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги информира жителите на општина Прилеп, кои користат вода за пиење од Регионалниот водовод „Студенчица“ и градските извори дека водата е здравствено безбедна за пиење.
Стручните служби од претпријатието во соработка со Центарот за јавно здравје Прилеп, секојдневно вршат мониторинг на водата за пиење и земаат мостри од 15 мерни места.
Резултатите од извршените физичко-хемиски анализи покажуваат исправност на сите испитани примероци на вода за пиење од градскиот водовод и сите параметри се во согласност со Правилникот за барања на безбедност и квалитет на водата за пиење (Сл.Весник бр.183/2018), со што може да се каже дека граѓаните пијат безбедна вода од градскиот водовод.
ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп, секојдневно зема мостри од водата и прави тестирање за здравствената безбедност на водата за пиење, физичко-хемиска и микробиолошка анализа.
Ги замолуваме граѓаните да не подлегнуваат на дезинформациите на социјалните мрежи за безбедноста на водата за пиење во Прилеп, туку да ги следат известувањата од соодветните институции што се грижат за јавното здравје на населението.

















