УТРО.мк

Младите добиваат поттик: Општина дава до 30.000 денари за новороденчиња и 20.000 за нови бракови

Младите добиваат поттик: Општина дава до 30.000 денари за новороденчиња и 20.000 за нови бракови
Vero

Општина Могила и годинава обезбеди средства во буџетот за финансиска поддршка на семејствата, со цел поттикнување на наталитетот и зачувување на населението. Градоначалникот Драганчо Саботковски истакна дека општината продолжува да инвестира во иднината и семејството.

Според соопштението од Општината, за првородено дете ќе се доделуваат 10.000 денари, за второродено 15.000 денари, а за трето дете 30.000 денари. Исто така, новосклучените бракови ќе добиваат по 20.000 денари како финансиска поддршка.

„Ова не е само финансиска помош, туку и јасна порака дека семејството, децата и младите се наши приоритети. Целта е да се стимулира наталитетот, да се создадат услови младите да останат и да градат своја иднина тука во Могила“, изјави Саботковски.

Пелагониската општина, како и други рурални општини во Македонија, се соочува со негативен природен прираст. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на новороденчиња паднал од 66 во 2010 година на 30 во 2024 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран