
Премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.

Во своето обраќање, Мицкоски им посака на учениците и наставниците многу знаење и успех во учењето и работата. „На тие што ќе работат во образованието и на тие што ќе учат во училиштето, им посакувам многу успех, а од клупите на ова училиште да произлезат уште многу успешни тетовчани“, рече премиерот.

Тој додаде дека ваквите проекти се важни за развојот на општината и образованието и истакна дека се надева на реализација на уште многу слични проекти. „Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти“, порача Мицкоски.























