
Советот на Општина Кочани едногласно ја поддржа изградбата и уредувањето на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“, како дел од иницијативата на здружението „16 март 2025 Кочани“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ на вчерашната 9. седница на Советот.
Со одлуката, градоначалникот доби овластување да формира работно тело кое ќе го реализира проектот. Во составот ќе бидат вклучени претставник на Советот, претставник на здружението – предлагач, член од општинската администрација, како и надворешен експерт со соодветна стручност. Целта е процесот да биде транспарентен, координиран и без простор за пропусти.



























