На 02.07.2025 во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на ул. „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а Ш.А. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.