На 20.08.2025 во 21.20 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ч.М.(58) од Кочани. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле мотоцикл со кочански регистарски ознаки, кој го управувал Ч.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управувал мотоциклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,31 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.