УТРО.мк

Лишен од слобода 20-годишен тетовец, уценувал малолетничка да му даде пари за да не објави експлицитни фотографии

Лишен од слобода 20-годишен тетовец, уценувал малолетничка да му даде пари за да не објави експлицитни фотографии
Vero

На 07.07.2025 во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Р.(20) од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско. Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години.

Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од малолетничката пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи. Пријавителката во два наврати му дала вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените. Р.Р. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од КЗ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран