УТРО.мк

Косрадиноски најавува реконструкции и нови инфраструктурни проекти во Јегуновце

Косрадиноски најавува реконструкции и нови инфраструктурни проекти во Јегуновце
Vero

Општина Јегуновце денес поднесе апликации за неколку значајни проекти преку Бирото за регионален развој, со цел обезбедување финансиски средства за нивна реализација. Меѓу проектите се реконструкција на локална улица во населено место Јанчиште, изградба на колектор за фекална канализација во Орашје и адаптација и надградба на основното училиште „Александар Здравковски“ во Јегуновце.

Дополнително, проектот за локален пат во населено место Вратница ќе биде аплициран до Министерството за локална самоуправа.

Градоначалникот Димитар Костадиноски истакна дека општината продолжува посветено да работи на подобрување на инфраструктурата и условите за живот во сите населени места.

Продолжуваме да инвестираме во развој и современи услови за граѓаните, рече Костадиноски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран