УТРО.мк

Врховниот суд пресече: Останува казната од 13 години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“

Врховниот суд пресече: Останува казната од 13 години затвор за Васил Јованов кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“
Vero

Врховниот суд ја одби жалбата на возачот кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, со што останува во сила затворската казна од 13 години.
Првостепено, Основниот кривичен суд Скопје му изрече казна од 12 години затвор, но подоцна Апелациониот суд ја зголеми казната на 13 години, оценувајќи дека тежината на делото бара построга санкција.


Според обвинението, трагедијата се случила на 29 јануари 2025 година, кога обвинетиот управувал автомобил без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од околу 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“. На пешачки премин и на црвено светло удрил во 22-годишната Фросина Кулакова, која преминувала на зелено светло за пешаци.


Од силата на ударот, девојката се здобила со тешки повреди и починала на лице место, што предизвика силна реакција во јавноста и протести со барање за правда и поголема безбедност на улиците.
Со одлуката на Врховниот суд, правната битка на обвинетиот да ја намали казната завршува неуспешно, а затворската казна од 13 години останува на сила.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран