УТРО.мк

Коњановски: Велигден нека донесе слога, радост и надеж во секој дом

Коњановски: Велигден нека донесе слога, радост и надеж во секој дом
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод најголемиот христијански празник – Велигден.

Во својата порака, Коњановски им посака на сограѓаните добро здравје, радост и среќа, истакнувајќи дека празничните денови треба да бидат исполнети со слога и топлина во семејствата.

Тој нагласи дека Велигден е празник кој ја симболизира победата на љубовта, надежта и доброто над злото, како и животот над смртта, потсетувајќи на вредностите кои треба да ги обединуваат граѓаните.

„На овој ден да се потсетиме на добрината, хуманоста и чесноста. Да се почитуваме меѓусебно, да ја негуваме традицијата и да создаваме убави нешта за идните генерации“, порача Коњановски.

Тој повика празникот Воскресение Христово да се слави со достоинство и со добрина, не само на овој ден, туку и во секојдневието.

Честитката ја заврши со традиционалниот поздрав: „Христос Воскресна – Навистина Воскресна!“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран