УТРО.мк

ВЛЕН: Расте интересот за самовработување кај младите, отворени речиси 1.900 нови бизниси

ВЛЕН: Расте интересот за самовработување кај младите, отворени речиси 1.900 нови бизниси
Vero

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека младите сè повеќе се вклучуваат во мерките за вработување и претприемништво, при што значаен дел од новоотворените бизниси се резултат токму на нивната иницијатива.

Според податоците што ги објави коалицијата, во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, од околу 13.000 лица предвидени за вклучување, дури 8.576 или 70,9 проценти се млади до 29 години.

Од ВЛЕН потенцираат дека ова е јасен сигнал дека младите активно го бараат своето место на пазарот на трудот и сè повеќе се охрабруваат да започнат сопствен бизнис.

Во рамки на мерката за самовработување, која се смета за една од најатрактивните, од планираните 2.755 нови бизниси, дури 1.896 се отворени од млади лица до 29 години.

„Овие бројки покажуваат дека младите имаат потенцијал, идеи и храброст да создаваат и да придонесуваат кон економскиот развој“, велат од коалицијата.

Од таму додаваат дека поддршката за младите ќе остане приоритет и во наредниот период, со цел да се поттикне нивната економска независност и активна улога во општеството.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран