УТРО.мк

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден

Гостивар празнично украсен во пресрет на Велигден
Vero

Централното градско подрачје во Гостивар е разубавено со велигденски декорации во пресрет на големиот православен празник Христовото воскресение.

Во просторот околу Црква Успение на Пресвета Богородица се поставени празнични украсни елементи, меѓу кои симболични црвени јајца, светлосни инсталации и други декорации кои ја нагласуваат велигденската атмосфера во градот.

Од Општина Гостивар истакнуваат дека украсувањето на центарот во пресрет на верските празници е практика што започна минатата година и има за цел да прерасне во традиција. Покрај Велигден, градското јадро беше украсено и за муслиманскиот празник Рамазан, со што се испраќа порака за почитување на различностите и заедништво меѓу граѓаните од различни вероисповеди.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран