УТРО.мк

Коњановски: Јавните претпријатија во до доцна во ноќта работеа на санација, интервенциите продолжуваат и денеска

Коњановски: Јавните претпријатија во до доцна во ноќта работеа на санација, интервенциите продолжуваат и денеска
Vero

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска одржа координативен состанок со директорите на јавните претпријатија кои синоќа интервенираа на терен поради проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Дел од активностите продолжуваат и денеска.

Според податоците од мерната станица на хидро-системот „Стрежево“, за само 12 часа наврнале 42 литри дожд на метар квадратен, што е исклучително голема количина и причина за зголемен доток во водотеците. Во стрежевската акумулација во моментов има 67,2 милиони кубни метри вода, при што само во текот на вчерашниот ден се прибрани околу 3 милиони кубни метри.

Екипите на „Нискоградба“, „Водовод“, АД Водостопанство „Битолско поле“, хидро-системот „Стрежево“ и „Комуналец“ излегоа на терен уште во попладневните часови со засилувањето на врнежите. „Нискоградба“ интервенираше со тешка механизација во повеќе населени места и критични точки во градот и руралните средини. Краткотрајно излевање на реката „Курделес“ кај стариот „Прогрес“ предизвика застој на улиците „Крушевска“ и „Македонска фаланга“, но состојбата беше санирана за околу еден час, по што до доцна во ноќта се вршеше чистење на теренот.

Денеска интервенциите продолжуваат во повеќе населени места, меѓу кои Кравари, Канино, Барешани и Буковски ливади, како и на одредени канали и патни правци. „Водовод“ и АД Водостопанство „Битолско поле“ се ангажирани на расчистување на канали и регулирање на водотеците, додека „Стрежево“ интервенира на повеќе критични потези.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран