Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ѝ врачи симболичен пехар на советничката Габриела Илиевска, нарекувајќи ја „шампион за кочење на ЕУ проекти“ во периодот 2021–2025 година.

„Додека за некој камењата се камен на сопнување, за мене тие се градежен материјал. Со камења се градат мостови кои треба да не сплотуваат“, изјави Коњановски, додавајќи дека велосипедската патека е поважна од пронајдениот камен на трасата, алудирајќи на спорот околу проектот.
