УТРО.мк

Убиецот од Прилеп легално го поседувал оружјето – во минатото пукал и во кафеана

Убиецот од Прилеп легално го поседувал оружјето – во минатото пукал и во кафеана
Vero

Тешка трагедија го потресе Прилеп, откако 64-годишниот Петар Ѓ. изврши двојно убиство и самоубиство во својот дом на улицата „Стеван Апостолоски“. Според досегашните информации од полицијата, тој по кратка расправија ги застрелал Панчо Ч. (43) и неговиот 13-годишен син Милан Ч., а потоа во престрелка со полицијата активирал рачна бомба и извршил самоубиство.

ОВР Прилеп потврдува дека против Петар Ѓ. постоела само една кривична пријава, датирана од 2002 година, за предизвикување општа опасност, откако пукал со огнено оружје во угостителски објект. Случајот тогаш не добил судска разрешница поради застареност.

Иако сограѓани сведочат дека се работело за човек со тежок карактер и конфликтно однесување, полицијата истакнува дека последните години немало официјални поплаки или пријави против него.

Оружјето со кое го извршил нападот било легално стекнато како наследство. Дозволата за поседување му била издадена во 2012 година и обновена во 2022. При увидот на местото на злосторството, полицијата пронашла траги од куршуми, две парчиња огнено оружје од калибар 9 мм и 7,65 мм, како и рачна бомба М93. Потеклото на експлозивната направа сè уште се истражува.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот по 21:20 часот, откако била примена првата пријава. До тој момент, не постоеле најави или предупредувања од граѓани за можен конфликт.

Жртвите беа погребани денеска на Старите градски гробишта во Прилеп, а истрагата за случајот продолжува.

Извор: МЕТА.МК

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран