УТРО.мк

Коњановски доби поддршка од Демократскиот сојуз на Власите и Демократската партија на Србите

Коњановски доби поддршка од Демократскиот сојуз на Власите и Демократската партија на Србите
Vero

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, доби силна поддршка од две политички организации – Демократскиот сојуз на Власите и Демократската партија на Србите во Македонија.

Со овој чекор, како што истакна Коњановски, се потврдува заедничката определба за напредна, обединета и развиена Битола, град во кој сите заедници се чувствуваат рамноправни и почитувани.

„Српската заедница е важен дел од мозаикот на нашето мултиетничко и соживотно општество. Благодарен сум за довербата и поддршката што ја искажуваат за политиките кои ги водиме – политики на еднаквост, соработка и конкретни резултати за развој на Битола,“ изјави Коњановски.

Поддршката од Демократскиот сојуз на Власите, пак, претставува дополнителен поттик за продолжување на заедничката работа во насока на создавање услови за подобар живот, еднакви можности и економски развој.

Коњановски нагласи дека идната локална самоуправа ќе биде посветена на сплотување на сите граѓани, без разлика на етничка или политичка припадност, со цел Битола да стане вистински модерен и европски град.

Видео: Демократски сојуз на Власите

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран