Битола доживеа незаборавна вечер под ѕвездите со настапот на еден од најголемите светски имиња во електронската музика – Армин ван Бурен. Илјадници посетители од Македонија и регионот го наполнија Градскиот стадион во Битола, кој пулсираше во ритамот на светската музичка сцена.

Спектаклот беше дел од програмата Bitola OpenAir, во организација на Авалон Продукција, а со поддршка од Општина Битола. Настанот беше реализиран со врвна логистика, обезбедување и сценографија, што уште еднаш го потврди капацитетот на градот за големи културни манифестации.

Градоначалникот Тони Коњановски, не го криеше задоволството:
„Ова е силна порака дека Битола знае, може и заслужува да биде домаќин на настани од светски ранг. Градот синоќа беше жив, полн со енергија, младост и култура. Благодарност до организаторите и до сите кои беа дел од оваа магија.“
Со овој спектакл, Битола не само што направи чекор напред на културната мапа на регионот, туку уште еднаш го потврди својот статус како град на уметност, музика и гостопримство.