
На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, до 13 часот гласале 3.331 избирач, односно излезноста изнесува 20,5 отсто, според податоците на Државната изборна комисија.
Податоците се доставени од сите 24 избирачки места во општината.
Според претходните пресеци, до 9 часот гласале 400 граѓани, со излезност од 2,46 отсто, додека до 11 часот своето право на глас го искористиле 1.480 избирачи, односно 9,11 отсто.
Во Избирачкиот список се запишани вкупно 16.256 граѓани, меѓу кои девет лица што се во затвор или притвор. Процентот на излезност на платформата е пресметан врз основа на 16.247 избирачи.























