УТРО.мк

Касами: Опасност од одрони на патот кон Бањиче

Касами: Опасност од одрони на патот кон Бањиче
Vero

Патот што води кон тетовското село Бањиче е расчистен и прооден, но поради обилните врнежи од дожд и понатаму постои зголемен ризик од одрони на земја и камења на одредени делници, информира градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами.

Тој упати апел до граѓаните да се движат со зголемена претпазливост, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да избегнуваат непотребно движење во ризичните зони, со цел да се спречат евентуални несреќи.

Општинските служби и надлежните институции, како што истакна Касами, и понатаму ја следат состојбата на терен и се подготвени да интервенираат доколку се појават нови одрони или други ризици предизвикани од нестабилното тло.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран