
Компанијата Google воведе нова функционалност во својот алат за вештачка интелигенција Gemini, наречена „Guided Learning“, која им овозможува на корисниците да учат различни теми чекор по чекор, на структуриран и интерактивен начин.
Според објавите, новата опција функционира како виртуелен личен тутор, кој ги води корисниците низ материјалот, поставува дополнителни прашања, објаснува поими и го прилагодува темпото на учење според потребите на корисникот.
„Guided Learning“ може да се користи за учење на широк спектар теми – од програмирање и математика, до јазици, наука и други вештини, со фокус на постепено совладување на знаењето.
Функцијата веќе привлекува големо внимание на социјалните мрежи, каде што корисниците ја оценуваат како значаен чекор напред во примената на вештачката интелигенција во образованието. Засега нема официјални детали дали опцијата ќе биде достапна бесплатно за сите корисници или ќе биде дел од напредните Gemini-пакети.



























