УТРО.мк

Како да се пријавите за движење во шумите на Шар Планина

Како да се пријавите за движење во шумите на Шар Планина
Vero

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ШАР ПЛАНИНА


Почитувани посетители на Националниот парк Шар Планина,

Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. Шар Планина по препорака на Владата на РСМ, а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, воведува забрана за непријавено движење во шумите на територијата со која управува ЈУНП Шар Планина. Забраната важи од 1 јули до 31 август.
Единствен исклучок од оваа забрана се лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина.

На кој начин да ја пријавите вашата посета во НП Шар Планина?
Посетителите имаат можност да се движат во НП Шар Планина само со потврда која повратно ќе ја добијат при пополнување на електронската пријава.

Пријавувањето може да го извршите со пополнување на евидентен лист за посетители во електронска форма на веб страната на Јавна Установа Национален парк Шар Планина или на следниот линк:

https://www.sarmountain.org.mk/mk/evidenten-list-posetiteli

По пополнувањето на формуларот ќе добиете повратна електронска порака како потврда дека вашето движење е евидентирано.

Дозвола може да се добие и во хартиена форма секој работен ден од 08:00 до 15:30 часот во просториите на институцијата.

При посетата на НП Шар Планина, потсетуваме и на обврската за наплата на влез на моторни возила.
Како да платите?
Преку следниот линк:

https://services.sarmountain.org.mk/
или
Пратете СМС порака со категорија на возилото и број на регистрација на 144 – 555 или скенирајте QR код, изберете категорија на возило и внесете ги бараните податоци.

Пример за СМС порака: A TE5678ET (за автомобил)
Категории на возила: Мотор и автомобил – 150 МК, Комбе и минибус до 20 седишта – 250 МКД, Автобус и тешко моторно возило – 450 МКД

За повеќе информации јавете се на: 076 221 551


Тарифите важат за сите посетители кои се движат со моторни возила по дозволените патишта во Националниот парк.

Сопствениците на приватни имоти и правните лица регистрирани на територијата на паркот се ослободени од надоместок за движење во своите зони.

За да се избегнат несакани последици од предизвикување пожар, ве замолуваме за поголемо внимание!
На територија на Национален парк Шар Планина е строго забрането палење оган, користење скара, фрлање догорчиња од цигари, оставање отпад или било какво однесување што може да предизвика пожар.

Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата, ве молиме веднаш пријавете на 112.
За непочитување на оваа забрана, на физичките лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума и шумско земјиште ќе им бидат изречени парични казни согласно член 106 од Законот за шумите.

Задолжителното пријавување за движење на територија на НП Шар Планина не важи за:


– Министерството за внатрешни работи

– Министерството за одбрана –

– Шумската полиција

– Центарот за управување со кризи

– Дирекцијата за заштита и спасување – Државниот инспекторат за шумарство и ловство

– Лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина

– Лица кои имаат повратна електронска порака за пријавено движење

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin