УТРО.мк

ЈКП Водовод – Битола започна со обнова на водоводот на „Даме Груев“

ЈКП Водовод – Битола започна со обнова на водоводот на „Даме Груев“
Vero

Од вчера, 19 февруари 2026 година, ЈКП Водовод – Битола започнува со реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Даме Груев“, крак 1 и крак 2, во населбата Мал Париз во Битола.

Во рамки на предвидените активности ќе се изврши целосна замена на старата и дотраена водоводна инфраструктура со нова, современа мрежа изработена од полиетиленски цевки, кои обезбедуваат поголема издржливост, сигурност и подолг век на траење. Паралелно со реконструкцијата ќе бидат изведени и нови приклучоци за домаќинствата, со што дополнително ќе се подобри квалитетот на услугата за жителите од овој дел на градот.

Поради изведување на градежните работи, во текот на наредниот период ќе има повремени прекини во водоснабдувањето. 

Од претпријатието апелираат до граѓаните за трпение и разбирање, со цел навремена и квалитетна реализација на проектот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран