
ЈКП „Водовод“ – Битола упати апел до граѓаните за рационално и одговорно користење на водата, особено во текот на летниот период кога потрошувачката е значително зголемена.
Од претпријатието ги повикуваат сите корисници да ја користат водата совесно, со цел да се обезбеди стабилно водоснабдување за сите граѓани.
Воедно, од ЈКП „Водовод“ – Битола апелираат и до корисниците навремено да ги подмируваат сметките за вода, со што ќе се избегнат можни санкции и ќе се овозможи непречено функционирање на системот за водоснабдување.
Од претпријатието очекуваат граѓаните со одговорен однос да придонесат за рационално користење на водните ресурси и за редовно исполнување на обврските кон јавното комунално претпријатие.

















