Во Струга, каде официјално беше отворен изборниот штаб на ВЛЕН за локалните избори во октомври, заменик-премиерот и еден од лидерите на коалицијата, Арбен Фетаи, го предизвика директно својот поранешен партиски колега, Зијадин Села.
„Зијадин, бујрум мери се со Менди Ќира и да видиме во октомври кој ќе ја освои Струга!“, изјави Фетаи пред голем број присутни.
Тој ги обвини Села и Таравари дека се обидуваат да го вратат Али Ахмети на власт преку тајни договори.
„Јас од Струга сакам да упатам повик до мојот поранешен претседател, мојот поранешен партиски другар Зијадин Села, кој постојано ја бара Струга преку Али Ахмети. Зијадин ја бара Струга, Арбен го бара Гостивар, но не затоа што мислат дека можат сами да победат, туку како дел од пазарење за враќање на Али во Владата. Тој план пропадна затоа што ние овде заеднички го блокиравме, план што го подготви Артан Груби“, рече Фетаи.
Тој истакна дека промените нема да застанат само на централно ниво, туку ќе се проширaт и на секоја албанска општина.
„Промената ќе се случи во секоја општина. Почнуваме од Струга на Албрими, Сирјај, Бека и продолжуваме до Ликово“, заклучи Фетаи.