УТРО.мк

Добра вест за патниците: Повторно функционира железничката линија Скопје – Битола

Добра вест за патниците: Повторно функционира железничката линија Скопје – Битола
Vero

По завршувањето на градежните активности на железничката пруга Скопје – Битола – Жабени, од денеска повторно е воспоставен редовниот патнички железнички сообраќај на релацијата Скопје – Битола и обратно.

Од ЖРСМ Инфраструктура информираат дека сообраќајот е нормализиран по завршувањето на работите на делницата од железничката станица „Бакарно Гумно“ до товариштето „Никола Карев“.

Според распоредот, денеска од Скопје кон Битола ќе сообраќаат возовите со броеви 641, кој тргнува во 07:06 часот, и 645 со поаѓање во 20:05 часот.

Од Битола кон Скопје ќе сообраќа возот 644 со поаѓање во 18:22 часот, додека возот 640 ќе тргне во раните утрински часови на 16 јули, во 03:10 часот.

Од компанијата посочуваат дека со повторното воспоставување на линијата се овозможува непречено одвивање на патничкиот железнички превоз и продолжување на редовното поврзување меѓу двата најголеми градови во земјава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin