УТРО.мк

Европа инвестира милијарди во бакар, Македонија сè уште чека на Иловица

Европа инвестира милијарди во бакар, Македонија сè уште чека на Иловица
Vero

Додека европските земји забрзано инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси, Македонија сè уште нема реализирано поголеми нови инвестиции во рударскиот сектор, иако располага со значајни наоѓалишта на бакар и други критични минерали.

Полската компанија за производство на бакар и сребро „KGHM“ најави инвестиции од над 32 милијарди злоти, односно околу 8,55 милијарди долари, до 2030 година. Средствата се дел од стратегијата „2055+“, со која компанијата има за цел зголемување на производството и зајакнување на позицијата на глобалниот пазар на бакар.

Во меѓувреме, во Македонија најголемата најавена инвестиција во овој сектор останува проектот за рудникот „Иловица-Штука“. Од компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ претходно најавија дека во изградбата би биле вложени околу 350 милиони евра, со што проектот би станал најголемата гринфилд инвестиција во земјата.

Според проценките, реализацијата на проектот би донела значајни економски ефекти – просечен годишен приход од околу 180 милиони евра, зголемување на БДП и значаен придонес кон македонскиот извоз во текот на предвидениот период на работа.

Во моментов единствен активен рудник за бакар во земјава е „Бучим-Боров Дол“, кој постепено ги исцрпува своите капацитети. Во изминатите години останаа нереализирани и други најави за рудници, меѓу кои проектите на Кожуф и Казандол.

Европската Унија во меѓувреме го зголемува фокусот на обезбедување сопствени извори на критични минерални суровини, па веќе идентификуваше десетици стратешки проекти во повеќе земји-членки. Меѓу суровините од стратешко значење се и бакарот, никелот и антимонот, минерали со кои располага и Македонија.

Додека Полска подготвува милијарди за развој на рударството, во Македонија останува отворено прашањето кога ќе се реализираат најавените инвестиции и дали потенцијалот на домашните минерални ресурси ќе биде искористен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin