УТРО.мк

Димитровски: Битола никогаш не била поголемо градилиште – над 50 километри нови и реконструирани улици и патишта

Димитровски: Битола никогаш не била поголемо градилиште – над 50 километри нови и реконструирани улици и патишта
Vero

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, јавно реагираше на тврдењата на дел од советниците дека „ништо не е направено“ во Битола во изминатите три и пол години. Во пресрет на седницата на Советот, закажана за понеделник, 14 јули, на која треба да се разгледува ребалансот на буџетот за 2025 година, Димитровски преку јавна објава изнесе детален список на капитални и инфраструктурни зафати реализирани од 2022 година наваму.

„Најчесто користениот збор последниве години е ‘ребаланс’. Но, кога ќе се отвори секој извештај за реализација на програмите – фактите говорат сами за себе“, пишува Димитровски, додавајќи дека се реализирани или се во финална фаза преку 60 инфраструктурни проекти. Според него, вкупно се изградени или реконструирани улици и патишта во должина од над 50 километри.

Меѓу најзначајните зафати се изградбата на нови улици и локални патишта во повеќе населени места (Дихово, Брусник, Буково, Егри, Лажец, Оптичари, Трново, Магарево), реконструкцијата на фреквентни улици во урбаното јадро (како „Македонска фаланга“, „Цане Василев“, „Даме Груев“, „Христо Узунов“, „Солунска“, „Наум Наумовски Борче“, „Стив Наумов“, „Индустриска“ и други), како и изградба на нови сообраќајни и јавни содржини (кружни текови, паркинзи, колектори, мостови, велосипедски патеки и паркови).

Посебно се истакнуваат доизградбата на северната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ и првиот вечерен натпревар одигран во историјата на стадионот со вклучени рефлектори, на 3 ноември 2024 против ФК Вардар. Исто така, значаен дел од проектите се реализирани со финансиска поддршка од ЕБОР и Министерството за животна средина, а дел од нив се очекува да продолжат со нови фази, условени од одлуките на Советот.

„Никогаш не се работело повеќе – фактите се јавни, транспарентни и проверливи. Но, на крајот граѓаните се тие што треба да го кажат последниот збор“, истакна Димитровски, додавајќи дека Битола е една, најубава, и дека само заедно може да стане уште поубава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран