УТРО.мк

Бојкоски: Новиот деловник носи ред, ефикасност и достоинство во Советот на Општина Битола

Бојкоски: Новиот деловник носи ред, ефикасност и достоинство во Советот на Општина Битола
Vero

Советот на Општина Битола денска расправа по точката на дневен ред Деловник за работа на Советот на Општина Битола. 

Претседателот Бојан Бојкоски со новиот Деловник за работа на Советот на Општина Битола освен пленарните седници се уредува и работата на комисиите. Во предложениот материјал е уредено и однесувањето на членовите на Советот за време на седницата, комисиските расправи и други работни тела, рече Бојковски. За прв пат со новиот деловник се води сметка и за времето на говорница, со што ќе се избегне можноста за одолговлекување на расправите со теми кои не се ниту на дневен ред, ниту пат се дел од темата за точката која се расправа. Дискусијата во претресот на точката на дневен ред на еден говорник може да трае најмногу 15 (петнаесет) минути. Член на советот има право на реплика само ако биде поименично спомнат во дискусија. Репликата трае најмногу 5 (пет) минути. Дискусија по претрес на точката на дневен ред во име на советничка група, може да даде координаторот на советничката група кој е должен да најави дека дискутира во име на советничката група. Во ваков случај дискусијата може да трае 20 (дваесет) минути. Членовите на советничката група немаат право на поединечни дискусии кога координаторот го искажува ставот на советничката група. Дискусијата на член на советот кој побарал збор по втор пат може да трае најдолго 10 (десет) минути. Говорникот може да говори само во однос на точката што е на дневен ред.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран