
На граничниот премин Ќафасан, официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) навремено спречија потенцијален здравствен ризик, одбивајќи пратка од над 10 тони јагнешка кожа од Република Албанија, која требаше да транзитира низ Македонија.
Одлуката дојде како дел од засилените превентивни мерки за заштита од чумата кај мали преживари, болест што е присутна во соседната држава. Пратката веднаш беше вратена на испраќачот, со што се спречи можно ширење на заразата.























