
Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на правецот Крива Паланка – граничен премин Деве Баир врнежите од снег се со слаб интензитет и не се задржуваат на патната површина.
Намалена видливост поради магла се регистрира на неколку планински премини: Плетвар (до 30 метри), Ѓавато (до 100 метри) и Крушево (до 40 метри). Се препорачува возачите да бидат внимателни, особено при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои зголемен ризик од одрони.
Сообраќајниот интензитет надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.























