УТРО.мк

Кочани добива меморијален простор „Патека на бесконечноста“ за жртвите од трагедијата во „Пулс“

Кочани добива меморијален простор „Патека на бесконечноста“ за жртвите од трагедијата во „Пулс“
Vero

Општина Кочани официјално даде одобрение Стар парк да прерасне во меморијален простор посветен на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Со донесената одлука, Здружението „16 март 2025 Кочани“ добива право да го користи просторот за реализација на меморијалниот проект симболично наречен „Патека на бесконечноста“.

Меморијалот ќе се изгради на локација со површина од 1.035 квадратни метри, сместена меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“ – дел од градот кој, според иницијаторите, природно повикува на мир, тишина и почит.

Иако ваков објект досега не бил предвиден со урбанистичките планови, општинската одлука овозможува проектот да започне без потреба од класична градежна дозвола. Максималната висина на меморијалот ќе изнесува до три метри, со што се задржува амбиенталниот карактер на паркот.

Од здружението најавуваат дека во следната фаза ќе се фокусираат на обезбедување на целосната потребна документација, како и на прибирање финансиски средства преку донации, поддршка од општествено одговорни компании и организација на хуманитарни настани.

„Нашата цел е меморијалот да биде изграден што е можно побрзо, но пред сè – да биде достоинствено место за сеќавање, размислување и почит“, посочуваат од ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Како прв чекор, ќе биде поднесено барање до Министерството за култура за одобрување на идејното решение, кое е инспирирано од симболот на бесконечноста – како метафора за вечниот спомен и непрекинатата врска со загинатите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран