УТРО.мк

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево

Жителите на истокот ќе добијат подобра патна врска: Избрана трасата Кочани – Виница – Делчево
Vero

Избрана е трасата за експресниот пат што треба да ги поврзе Кочани, Виница и Делчево, со клучка за Македонска Каменица. Поставувањето камен-темелник се очекува кон крајот на летото или на почетокот на есента во 2027 година, доколку подготовките се одвиваат според очекувањата.

Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево. Тој рече дека по јавната расправа била избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата, а апликацијата за проектот веќе била поднесена пред меѓународните финансиски институции.

Во тек се изработката на студијата за изводливост и еколошката студија, а се водат и разговори со потенцијални финансиери.

„Јас и вицепремиерот и министер за транспорт го претставивме проектот пред Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Апликацијата е веќе поднесена“, изјави Мицкоски.

Според премиерот, студиите и концептите за избраната варијанта би требало да бидат завршени напролет, доколку сè се одвива според планираното. Потоа, очекувањето е камен-темелникот да биде поставен кон крајот на летото или на почетокот на есента во 2027 година.

Мицкоски оцени дека со проектот значително ќе се подобри поврзаноста на жителите од овој дел на Македонија со останатите делови од државата.

За време на посетата тој најави и други инфраструктурни зафати во регионот. Од понеделник, според најавата, треба да почне реконструкцијата на патниот правец од Делчево до граничниот премин со Бугарија.

Завршена е и тендерската постапка за санација на мостот на излезот од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани, по што треба да започнат работите на мостот.

Премиерот во Делчево, заедно со министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за спорт Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности на Здравствениот дом „Гоце Делчев“ и во почетокот на работите за реконструкција на градската спортска сала.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран