УТРО.мк

Земјотрес ја разбуди Македонија – Епицентарот на 200км јужно од Скопје

Земјотрес ја разбуди Македонија – Епицентарот на 200км јужно од Скопје
Vero

Во раните утрински часови земјотрес беше почувствуван во делови од Македонија, а според првичните информации епицентарот се наоѓал во соседна Грција.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 4 часот и 32 минути, со епицентар на околу 200 километри јужно од Скопје, на територијата на Грција.


Потресот бил со локална магнитуда од околу 5,5 степени според Рихтеровата скала, а во Македонија бил почувствуван во западните и југозападните делови од земјата, особено во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга.


Според првичните проценки, интензитетот на земјотресот во овие подрачја изнесувал околу III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека потресот бил почувствуван од дел од населението, но без пријавена материјална штета.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран