УТРО.мк

Запрена истрагата за 11 полицајци во „Пулс“ – Експертите предупредуваат дека обвинението создава магла, не правда

Запрена истрагата за 11 полицајци во „Пулс“ – Експертите предупредуваат дека обвинението создава магла, не правда
Vero

Запрена е истрагата за 11 полицајци и раководители, кои беа сомничени во случајот „Пулс“ за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици.

Одлуката од Обвинителството е донесена откако е проценето дека овие лица не можат да бидат одговорни за кривичното дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи нивните законски надлежности не вклучувале контрола на противпожарните мерки, туку биле ограничени на проверка на сообраќајната безбедност и обезбедување доволен број паркинг места за објектот. Во решението се вели и дека „во согласност со Законот за угостителско работење, тие биле обврзани да вршат контроли исклучиво во делот на одржување јавен ред и мир и безбедност во сообраќајот“.

Одбраната на некои од другите обвинети укажува дека дел од нив треба да бидат ослободени.

Адвокатот Синиша Станковиќ, кој застапува еден од поранешните градоначалници на Кочани, изразува критики кон обвинението за сите поранешни функционери и државни службеници кои немале директно влијание на настанот од 16 март минатата година кога се случила трагедијата.

„Одбраната сè уште не ја имала можноста да ги изнесе аргументите на рочиштето, со кои ќе се докаже невиноста, како за поранешниот градоначалник кој го застапуваме, така и за другите лица кои порано работеле во Министерството за економија во 2012-2013, но и некои други државни службеници. Со нивните воведни говори тие дадоа свои сведоштва и од нив може да се заклучи дека и тие се гонат без основа во овие постапки.“, вели Синиша Станковиќ.

Адвокатот со долгогодишно искуство вели дека секој обвинет има право на одбрана и дека не смее да има осуда и јавен линч додека надлежните органи не утврдат дали се виновни или не. Тој додава дека лицата опфатени со обвинението се ставени под притисок кој мора да се запре додека не се слушнат аргументите на сите.

„На еден начин се подбиваме! Но, јас, како што забележав преку медиумите, ја добив информацијата од Адвокатската комора која го појасни нашето учество на правилен начин во постапката, дека ние им даваме правна помош на лицата кои ги застапуваме бидејќи тоа е нивно законско право, како и секој друг граѓанин, но малкумина тоа го објавија. Со ваквиот пристап треба да се запре и да се дозволи нормален тек на судскиот процес, така што на крај ќе има правосилна судска одлука.“, вели Синиша Станковиќ.

Истрагата поврзана со „Пулс“ се води против уште 12 полицајци и раководители. Судскиот процес што започна е за истото кривично дело, „Тешки дела против општата безбедност“, против 35 обвинети, што предизвика и јавни реакции поради фактот дека обвинети се и поранешни функционери кои исто така немале надлежности за контрола на противпожарни мерки. Во пожарот што се случи на 16 март минатата година животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 други беа сериозно повредени.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран