
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во кој беа отворени прашања од значење за економската соработка и напредокот на земјата во евроинтегративниот процес.
Во центарот на разговорот беа можностите за изнаоѓање конкретни и одржливи решенија за предизвиците со кои се соочуваат професионалните транспортни оператори, како и актуелното прашање поврзано со челичните тарифи.



























