УТРО.мк

Западнонилската треска стигна и до Арачиново: Бројот на заразени во Македонија се искачи на 34

Западнонилската треска стигна и до Арачиново: Бројот на заразени во Македонија се искачи на 34
Vero

Три нови случаи на западнонилска треска се потврдени во земјава, со што вкупниот број на регистрирани случаи сезонава достигна 34, информираат од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Вирусот првпат сезонава е детектиран и кај жител на скопско Арачиново. Според епидемиологот Љуљзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје – Скопје, во ова подрачје постојат услови кои може да придонесуваат за размножување на комарците, како канали, базени и застојани води.

Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, а речиси половина од сите случаи се поврзани со Драчево.

Бајрами посочува дека во иднина дезинсекцијата треба да започнува порано, но и дека е потребно да се анализира ефикасноста на средствата што се користат против комарците, односно да се утврди дали постои отпорност и, доколку е потребно, да се применат други препарати.

Во Македонија досега се регистрирани и два смртни случаи поврзани со западнонилска треска. Станува збор за пациенти на возраст од 72 и 83 години, кои покрај инфекцијата имале и повеќе хронични заболувања.

Поради зголемениот број случаи, Центарот за јавно здравје – Скопје на 12 август прогласи епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини и населби. Мерката ги опфаќа Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin