Според последните информации од УХМР, во следните денови Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност, што ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Најобилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, при што на повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Од среда се предвидува и промена на правецот на ветерот, кој ќе дува од север.
УХМР апелира до граѓаните да се воздржуваат од непотребни патувања и да бидат внимателни, особено на планинските предели каде се очекува формирање снежна покривка.























