Денес и утре (петок и сабота 12/13 септември) во нашата Република Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела (14 септември) во попладневните и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) под влијание на Атмосферски фронт од север ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и создавање на влажни и нестабилни воздушни бранови.
Тоа значи дека во недела (14 септември) во попладневните, вечерните часови како и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) на повеќе места во нашата Македонија ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално невреме. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 15 литри дожд на метар квадратен).
И во Скопје и околината следува краткотрајно стабилизирање на времето, додека во недела (14 септември) во попладневните, вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник (15 септември) времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 30 степени.