ExcelsiusGPS – иднината на медицината, достапна и кај нас

Во Македонија пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. Станува збор за ExcelsiusGPS – првиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност.

Оваа напредна технологија ја носи Globus Medical, водечки производител на медицински уреди, со цел да го модернизира здравствениот систем и да понуди врвна нега за пациентите во нашата земја. ExcelsiusGPS се користи во водечки болници низ САД, Европа и Азија и сега по првпат е достапен и во регионот.

Роботот, чија презентација се одржа денеска на Клиниката за трауматологија под раководство на д-р Игор Мерџаноски, комбинира навигација во реално време со роботска рака која на хирургот му овозможува точно и безбедно поставување на импланти и инструменти. Тоа значи минимална можност за грешка, побрзо заздравување, пократок престој во болница и значително намалување на болката кај пациентите.
Воведувањето на ExcelsiusGPS во македонските болници би бил голем чекор напред за нашето здравство. Оваа технологија не само што им помага на лекарите да работат побрзо и попрецизно, туку и го подигнува нивото на нега кое го добиваат пациентите.
Globus Medical е отворен за соработка со државни и приватни болници, медицински факултети и институции во Северна Македонија. Ќе се организираат бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните за да се запознаат со придобивките од оваа технологија.
ExcelsiusGPS претставува ново поглавје во македонската медицина – време е пациентите да добијат третман по највисоки светски стандарди, тука, дома.