УТРО.мк

Внимавајте на измама: МВР предупредува на лажни пораки од БЈБ и сајбер единицата

Внимавајте на измама: МВР предупредува на лажни пораки од БЈБ и сајбер единицата
Vero

Граѓаните ширум земјата пријавуваат добивање на електронски пораки што наводно доаѓаат од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Во пораките се наведува дека примачот е предмет на сериозни кривични истраги – за измислени дела како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога – и се бара да се појави во полициска станица во рок од 24 часа или да испрати повратен емаил.

Меѓутоа, од Министерството за внатрешни работи имаа брза реакција: станува збор за класична измама. Ниту БЈБ, ниту одделот за сајбер криминал и безбедност испраќаат такви пораки. Целта на измамниците е да ги измамат граѓаните да ги откријат своите лични податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени.

„Овие пораки се лесно препознатливи – текстот често е слаб превод, а содржината е нелогична и вознемирувачка. Покани за истражни постапки од МВР никогаш не се испраќаат преку е-пошта“, појаснуваат од МВР.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран