
ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше одлуката на судот да му одреди куќен притвор на Артан Груби, оценувајќи ја како продолжение на серијата неповратни правосудни слабости. Од партијата велат дека јавноста го револтот на јавноста, особено по седумгодишна агонија на правосудните органи кои, според нив, биле под политичка тортура и притисок на претходната владина коалиција, предводена од СДСМ и ДУИ.
„Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 проценти доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по седум години на неправда и неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека „времето на неприкосновеност“ завршило и дека Артан Груби, кого го обвинуваат за учество во криминални активности, ќе одговара пред правдата. Според нив, извршната власт ја завршила својата обврска за обезбедување на осомничениот пред органите на правдата.
ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ја критикува и СДСМ, наведувајќи дека „лицемерието на власта е видливо во промената на верзиите за обезбедувањето на Груби“. Од партијата тврдат дека Груби е „ортак во криминалите на Заев, Филипче и Спасовски“ и дека допрва ќе започне судскиот процес за сите негови соучесници.























