УТРО.мк

ВЛЕН: Законот за високо образование ги одразува барањата на универзитетите на албански наставен јазик

ВЛЕН: Законот за високо образование ги одразува барањата на универзитетите на албански наставен јазик
Vero

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека новиот закон за високо образование е резултат на широки консултации со академската заедница и ги одразува барањата на универзитетите, особено на оние на албански наставен јазик.

Од ВЛЕН посочуваат дека реформите во високото образование не треба да се носат со политичка ароганција или наметнати решенија, туку преку вклучување на студентите, професорите и институциите кои секојдневно се соочуваат со предизвиците во образованието.

„Го слушнавме гласот на академската заедница и можеме да кажеме дека најголемиот дел од нивните предлози се вградени во финалниот текст на законот“, наведуваат од коалицијата.

Според нив, една од клучните промени е укинувањето на Х-индексот како основен критериум за оценување на академскиот кадар, како и гаранцијата дека нема да има отпуштања на вработените. Напротив, законот, како што велат, отвора нови можности за професионален развој и академско напредување.

Од ВЛЕН истакнуваат дека со новите законски измени се прават корекции на решенијата од 2018 година, кои, според нив, се покажале како нефункционални, со цел да се обезбеди поквалитетен образовен систем што ќе биде поблизок до потребите на студентите и пазарот на труд.

„Студентот е во центарот, универзитетот е темел на развојот, а образованието на албански јазик останува национален приоритет“, порачуваат од ВЛЕН.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран