УТРО.мк

ВЛЕН: Уште една лага на ДУИ падна – во 2024 година има раст на правичната застапеност

ВЛЕН: Уште една лага на ДУИ падна – во 2024 година има раст на правичната застапеност
Vero

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека официјалните податоци за 2024 година ја демантираат кампањата на ДУИ за наводно намалување на правичната застапеност. Според нив, извештајот покажува дека застапеноста на Албанците не само што не опаднала, туку е зголемена – од 21,7 проценти во периодот кога ДУИ била на власт, на 22,3 проценти сега, кога ВЛЕН е дел од Владата.

Од ВЛЕН оценуваат дека ДУИ, по губењето на контролата врз институциите и поразите на локално ниво, се обидела да создаде страв и тензии меѓу граѓаните преку, како што велат, лажни наративи за „деалбанизација“. Според коалицијата, овие тврдења немале за цел заштита на Албанците, туку зачувување на партиските позиции и интереси.

„Фактите се јасни и недвосмислени. Паниката што ја ширеше ДУИ беше вештачка, а пропагандата ниска. Реалноста покажува раст на правичната застапеност“, се наведува во реакцијата.

ВЛЕН истакнува дека со нивното учество во Владата започнува нов циклус, во кој за првпат по 23 години се подготвува Закон за правична и соодветна застапеност. Според најавите, законот ќе важи за сите институции, ќе биде јасен, обврзувачки и подложен на надзор, без можност за политички пазарења.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран