УТРО.мк

ВЛЕН: Историски чекор, го унапредуваме Охридскиот договор

ВЛЕН: Историски чекор, го унапредуваме Охридскиот договор
Vero

Прес-конференција на Даут Мемиши од ВЛЕН:

Се наоѓаме пред историски момент. По повеќе од две децении одложување, правичната и соодветна застапеност конечно станува закон. Нема повеќе зборови што ги носи ветерот, нема повеќе ветувања само за да поминат изборите. Сега има закон.

Правичната и соодветна застапеност е уставен принцип што произлегува од Охридскиот рамковен договор, конкретно од неговата точка 4.2. Затоа, ова не е обичен закон, туку исориски важен чекор во спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот договор.

Овој закон требаше да биде донесен уште пред повеќе од две децении. Но, тоа не се случи. Тие што денес најмногу креваат врева, го имаа и мандатот од Албанците и власта за да го донесат. На секои избори ветуваа, во секој мандат се правдаа. Имаа сè, освен политичка волја.

Ако навистина Охридскиот договор бил целосно реализиран, тогаш каде беше Законот за правична и соодветна застапеност, еден од неговите клучни столбови?
Почитувани, Охридскиот договор не се унапредува со свечени говори и убаво спакувани изјави пред камери. Тој се унапредува кога неговите принципи се претвораат во закон, во јасни правила и во институционална обврска.
Токму тоа го прави ВЛЕН.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран